Новото засилување на Челси не постигна гол од пет метри (Видео)


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Челси синоќа славеше против Сервет со 2-0 во првиот квалификациски меч во Конференциската лига, но на дуелот не се прослави Марк Гиу.

Гиу успеа да му ја украде топката на голманот и да излезе сам пред празен гол, но не успеа да погоди од само пет метри.

Да потсетиме, погодоците за победа на „сините“ ги постигнаа Нкунку и Мадуеке.