Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барселона синоќа на домашен терен загуби од Ајнтрахт Франкфурт со 2-3 и испадна од Лига Европа, а на „Камп Ноу“ беа забележани дури 30.000 германски навивачи.
Клубот од Германија за мечот доби околу 10.000 влезници, но дури 30.000 навивачи стигнале во Барселона, а тие кои биле без влезница успеале да пронајдат начин да дојдат до неа.
Шпанските медиуми објавија дека дел од навивачите го предале тимот и ги продале влезниците и по цена од 500 евра.
Најверните навивачи се разочарани од останатите дека некој може да си го предаде клубот за само 500 евра, па тие од протест на полувреме ја напуштија својата трибина.
Сезонски билет чини околу 160 евра и прашање е дали некој од навивачите кои продавале билети, ќе можат повеќе да влезат на „Камп Ноу“.