„Ножички“ на Белингам и гол со глава на Кејн за победа на Англија (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Англија славеше со 2-1 по продолженија против Словачка во осминафиналето на Европското првенство (ЕП).

Англичаните се мачеа од самиот почеток на натпреварот, а тоа го искористи Словачка која преку Иван Шранц во 25. минута стигна до водство од 1-0.

Словачка се соочи со притисок на стартот на вториот дел, кога Фил Фоден ја затресе мрежата на Дубравка, меѓутоа голот беше поништен поради офсајд.

Англија напаѓаше во продолжение на второто полувреме, а успеа да погоди и статива, по што во завршницата Белингам со „ножички“ стрелаше за 1-1.

Кејн на почетокот на продолженијата ја затресе мрежата на Словачка и со тоа ѝ обезбеди триумф на Англија.