Њукасл ќе биде голем тим: Бомбастично тренерско име се поврзува со клупата на клубот од Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њукасл е последниот клуб од Премиер лигата кој добива богати сопственици. Клубот со славно минато ќе премине во сопствеништво на богат саудиски принц кој го купи Њукасл од Мајк Ешли за сума од околу 350 милиони фунти.

Нема да не чуди доколку во годините што следат Њукасл стане голем клуб, по примерот на Манчестер Сити кој од тим од средината на табелата прерасна во тим кој редовно е во врвот на Премиер лигата.

Облоувалниците во Англија веднаш се позанимаваа со тоа кој ќе биде следен тренер на клубот од „Сент Џејмс Парк“. Според коефициентите, најголеми шанси да седне на клупата на овој клуб му се даваат на Масимилијано Алегри кој пред неколку месеци потврди дека учи англиски јазик.

Тогаш отворени беа тренерските позиции во Манчестер Јунајтед и Тотенхем, па Алегри се поврзуваше со премин кај нив, но сега кога и двата клуба го решија прашањето за тренерите, се чини дека Алегри ќе мора да бара друга опција доколку сака да работи на Островот, а се чини дека Њукасл би бил навистина примамлив проект за него.