Њукасл сега му фрли око на играч на Јувентус


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Дејли Експрес“ пишува дека од таборот на Њукасл подготвуваат понуда за фудбалерот на Јувентус, Адриен Рабио.

Рабио воопшто не задоволи во првата сезона како член на клубот од Торино по неговиот трансфер од таборот на ПСЖ.

25 годишниот Рабио разочара и со своето однесување, па речиси сигурно ќе биде продаден ова лето.

Њукасл за него ќе понуди сума од 26 милиони фунти која веројатно ќе биде прифатена, но се уште не е познато дали играчот ќе сака да се пресели на „Сент Џејмс Парк“.