Нуњез потпиша за Ливерпул: Среќен сум што доаѓам во голем клуб! (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез денеска потпиша повеќегодишен договор со Ливерпул, откако ги договори личните услови и ги помина медицинските прегледи.

Нуњез одигра 85 меча за Бенфика во претходните две сезони, а притоа постигна 48 голови и го привлече вниманието на тренерот Јирген Клоп.

„Навистина сум среќен што доаѓам во голем клуб како Ливерпул. Играв против нив и ги гледав во Лигата на шампиони. Тука има одлични фудбалери и мислам дека ќе ми одговара нивниот стил на игра. Се надевам дека ќе му помогнама на клубот со моите голови“, кажа Нуњез.

Ливерпул за неговиот трансфер ќе плати 80 милиони евра плус 20 милиони преку бонуси.