Нуркиќ пред преселба кај Леброн во Лејкерс


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс планира да ангажира нови засилувања за следната сезона, а на листата со желби е босанскиот кошаркар Јусуф Нуркиќ.

Американските медиуми пишуваат дека Феникс веќе почнал преговори со Лејкерс за Нуркиќ, а наводно за возврат го сака Д’Анџело Расел.

Лејкерс бара квалитетен кошаркар кој може да му биде поддршка на Ентони Дејвис, а токму Нуркиќ им делува како добро засилување.