До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ обезбеди учество во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс со победа над Американецот од српско потекло, Александар Ковачевиќ, а во следното коло го очекува дуел со Британецот Џек Дрејпер.
Освојувачот на 101 трофеј во сингл на професионални турнири ќе игра против 14-от играч на светот во ноќта меѓу среда и четврток, со проекција дека мечот Ѓоковиќ – Дрејпер ќе биде на ред околу два часот по полноќ по средноевропско време, што е 18 часот во калифорниската пустина.
Ова ќе биде втор меч меѓу Србинов и Британцев, додека освојувачот на 24 грен слем ласно го победи Дрејпер во првото коло на Вимблдон 2021.
Победникот од овој меч ќе игра во четвртфинале против подобриот од дуелот Данил Медведев (Русија, ATP 11) – Алекс Микелсен (САД, ATP 44), кој е на програмата значително порано.
















