Објавена снимка од конфликтот помеѓу Меси и играч од Венецуела (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лионел Меси ја одигра својата последна официјална натпреварувачка за Аргентина на домашен терен, на стадионот Монументал, каде пред полни трибини доживеа емотивна вечер. Аргентина славеше со 3:0, а капитенот на „гаучосите“ постигна два гола.

Но, славјето делумно го расипа инцидентот со Томас Ринкон, легендарниот фудбалер на Венецуела. Конфликтот се случи на крајот од првото полувреме, во тунелот, кога Ринкон му пријде на Меси, му забележа за една ситуација во играта и дури го турна лесно.

Меси реагираше, а тензиите растеа додека Саломон Рондон не интервенираше и ги спушти страстите. На крајот, ситуацијата не ескалираше и играчите беа разделени.

По натпреварот, Меси го прегрна поранешниот соиграч од Интер Мајами, Хосеф Мартинез, и продолжи да ужива во прошталот пред домашните навивачи.

Фото: Принтскрин