Обамејанг доби совет да си замине од Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пјер Емерик Обамејанг доби совет од првиот човек на Фудбалската федерација во Габон да си оди од Арсенал.

Напаѓачот има договор со „топчиите“ до 2021 година и истиот веројатно нема да го продолжи, но се уште не е познато дали ќе си оди од клубот ова лето или ќе го чека крајот на следната сезона за да се пресели во некој клуб како слободен агент.

„Не сакам да кажам дека Арсенал не е амбициозен тим, но Арсенал ги нема амбициите како некои други клубови во Европа. Обамејанг е играч од светска класа, па доколку сака да обезбеди договор со многу поамбициозен клуб тоа мора да го стори сега“ –изјави Алаин Моунгенги.