Обамејанг доживеа невиден срам – мораше да спие на аеродром!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг заедно со репрезентацијата на Габон се соочи со непријатни моменти на аеродромот во Гамбија, каде што мораше ноќта да ја мине на клупа и на подот поради ковид-19.

Репрезентативците на Габон мораа да спијат на аеродромот затоа што доцна го направиле тестот за коронавирус, а требале тоа да го направат на 48 часа пред влезот во земјата.

Обамејанг можеби заработува годишно по 20 милиони евра, но ниту тоа не му помага во вакви ситуации со ковид-19, па доби ист третман како останатите соиграчи од селекцијата.

Мечот меѓу Гамбија и Габон треба да се одигра денеска.