Обамејанг има кошмарен ден: Загуби со Челси, па доби провокација од Арсенал (Фото)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Арсенал славеше во големото лондонско дерби против Челси со 1-0, а тоа го врати на лидерската позиција во англиската Премиерлига.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Габриел од Арсенал, додека Челси играше лошо и не успеа да се закани кон голот на Рамсдејл.

Лош натпревар имаше и Пјер-Емерик Обамејанг, кој беше невидлив на теренот, а по мечот доби провокација од Арсенал.

Габриел ја искористи изјавата на Обамејанг од пред мечот и реши да го испровоцира поранешниот капитен на Арсенал.

„Ништо лично. Лондон е црвен“, напиша Габриел.