Обамејанг ќе притиска за заминување од Арсенал и трансфер во Шпанија во летниот преоден рок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува дека Пјер Емерик Обамејанг дефинитивно ќе притиска за заминување од Арсенал ова лето.

Според медиумот, габонскиот интернационалец пројавил желба да се пресели во редовите на Барселона, тим кој е заинтересиран за неговите услуги.

Микел Артета во неколку наврати посочи дека од Арсенал ќе сторат се за да го задржат Обамејанг во своите редови, меѓутоа јасно е дека ќе им биде пеколно тешко да го остават својот најдобар играч во тимот и по крајот на оваа сезона.