Обамејанг проговори за својата иднина: Се уште ништо не е одлучено


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пјер Емерик Обамејанг истакна дека се уште ништо не е одлучено околу евентуалниот нов договор со Арсенал.

30 годишниот Габонец се поврзува со заминување од редовите на Арсенал, а неговиот актуелен договор истекува за 12 месеци.

Во интервју за „Телефут“, Обамејанг истакна дека засега нема добиено понуда запродолжување на соработката со Арсенал.

„Засега немам добиено понуда за продолжување на сорабтката. Но, секако е дека ние имавме разговори со клубот пред неколку месеци. Тие многу добро знаат зошто досега не се случи ништо. Тие ги имаат клучевите. На нив е да си ја сторат својата работа, а после тоа ќе видиме како функционираат работите“ –изјави Обамејанг.