Обамејанг се врати во Лондон: Имам незавршена работа во Премиерлигата!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Искусниот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг се врати во Премиерлигата летово, откако вчера потпиша договор со Челси.

Челси летово се раздели со Тимо Вернер и Ромелу Лукаку, па на првите пет натпревари можеше да се забележи дека им е потребен класичен напаѓач и затоа го купија Обамејанг.

Овој 33-годишен напаѓач потпиша двегодишен договор и не го криеше задоволството што се враќа во англиското првенство.

„Мило ми е што сум дел од Челси и едвај чекам да почнам. Имам незавршена работа во Премиерлигата“, кажа Обамејанг по враќањето во Лондон.

Челси плати 14 милиони евра за трансферот, а притоа го испрати и Маркос Алонсо во Барселона.