Обамејанг заврши во болница поради – маларија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг заврши во болница каде што се лекува од маларија.

Овој 31-годишен напаѓач се зарази додека беше со националниот тим во Африка, каде што одигра квалификациски меч против Конго.

Обамејанг испрати порака преку социјалните мрежи и се заблагодари за поддршката.

„Ви благодарам за сите пораки и повици. За жал, се разболев од маларија додека бев со националниот тим во Габон пред неколку недели. Поминав неколку дена во болница и веќе се чувствувам многу подобро благодарение на одличните лекари кои брзо го детектираа вирусот и ме лекуваа. Ќе се вратам посилен од кога било досега“, објави Обамејанг.