Објавен изгледот на новата топка на Премиерлигата!? (ФОТО)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пред неколку дена се појавија нови фотографии од новата топка за Премиерлигата за сезоната 2019/20.

Додека Ла Лига го смени спонзорот за топки, па во елитното натпреварување во Шпанија ќе се игра со топка на „Пума“, Англичаните останаа верни на „Најк“.

Премиерлигата минатиот ноември објави дека со „Најк“ е потпишан нов шестгодишен договор, а тоа значи дека топките од тој произведувач ќе се користат во Премиерлигата до 2025 година.

Новата топка делува интересно, а на неа има розеви и темно сини детали, но постојат и детали по примерот на минатогодишната топка.