Објавена листата на топ-10 најдобри фудбалски лиги во светот


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Опта“, британска спортска компанија за аналитика, објави листа на Топ-10 најдобри фудбалски лиги во светот анализирајќи го квалитетот на тимовите, играчите, натпреварувањата, популарноста и многу повеќе.

Интересно е што во тоа друштво се најдоа дури две англиски лиги, елитната Премиер лига на првото и Чемпионшип на десеттото место.

Чемпионшип е воедно единствената втора лига на една земја која се најде во Топ-10. Точно е дека оваа лига важи за исклучително квалитетна и голема (брои 24 клуба), но сепак е премногу субјективно да се најде пред некои национални лиги, пред сé, на Аргентина, Холандија, Русија, Турција…

Покрај Премиер лигата, меѓу трите најдобри се уште и италијанската Серија А и германската Бундеслига.

Шпанската Ла Лига го зазеде дури четврто место иако клубовите од Примера со години се најуспешни во европските натпреварувања.

.