Објавена снимка од Нејмар и нападната девојка во хотелската соба! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најскапиот светски фудбалер Нејмар се наоѓа во големи проблеми, откако една девојка го обвини дека полово ја нападнал во еден хотел во Париз.

Според нејзината верзија, Најла Триндаде Мендеш да Соуза го пронашла Нејмар на Инстаграм и таму се допишувале. Тие се договориле да се запознаат, а Нејмар една вечер во хотелот пристигнал пијан, по што грубо тргнал на неа и ја злоупотребил.

Ниту Нејмар не седеше мирен, па ги отфрли обвинувањата и јавно ги објави нивните пораки и интимни фотографии кои ги добивал.

Во меѓувреме се појави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како споменатата Најла во хотелска соба го удира Нејмар со рацете.