Објавени нови резултати од обдукцијата на телото на Коби Брајант


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Обдукцијата на телата на настраданите во хеликоптерската несреќа, во која загина кошаркарската легенда Коби Брајант, покажа дека причина за смртта на сите девет жртви биле тешки повреди при силниот пад на леталото.

Извештајот составен од 180 страници, исто така, откри дека пилотот Ејра Зобаиан, бил негативен на алкохол и дрога.

Причината за несреќата која се случи на 26 јануари во Калифорнија сред густата магла, уште се истражува, а меѓу патниците беа две другарки на ќерката на Коби, Џиана, нивните семејства и тренерот.

„Причината за смртта на сите девет жртви беше груба траума“, пишува во извештајот на истрагата.

Резултатите од аутопсијата беа објавени во петокот на веб-страницата на канцеларијата за медицинско истражување во Лос Анџелес.