Објавено зошто треба да се поништи голот на Реал Мадрид против Валенсија (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид одигра 2-2 против Валенсија, но на крајот се случи голем скандал кога судијата прекина акција на секунда пред „кралевите“ да постигнат трет гол.

Мансано означи крај на средбата, а една секунда подоцна Белингам погоди за 3-2, по што почнаа протестите кај „кралевите“ поради одлуката на судијата.

Судискиот експерт Алфонсо Перез Буруља даде објаснување за ситуацијата и кажа зошто голот треба да се поништи.

„Судијата донесе вистинска одлука. Незадоволни беа и тие што напаѓаа и тие што се бранеа. Диас ја имаше топката, а неговиот центар-шут беше дури по вториот момент“, вели Перез.

По одлуката на судијата се случи вистински хаос на теренот, а притоа му беше доделен црвен картон на Белингам.