Обрадовиќ додека зборуваше за судиите покажа – среден прст (Видео)


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Тренерот на Партизан, легендарниот Жељко Обрадовиќ, упати критики кон судиската тројка по поразот од Црвена звезда во вечниот дерби, што заврши со резултат 84:89. Белградската арена беше сведок на еден од најжестоките дуели во регионалната кошаркарска лига, каде што судиите Урош Николиќ, Томислав Хордов и Лука Кардум се најдоа во центарот на вниманието, доделувајќи техничка лична грешка дури и на најтрофејниот тренер во европската кошарка.

По натпреварот, на конференцијата за печат, Обрадовиќ ја искористи можноста да даде свој коментар за одлуките на судиите, истовремено признавајќи дел од грешките на својот тим.  

„Секогаш треба да бидеме чесни и да признаеме кога нешто не е добро од наша страна. Имаше ситуации каде што ние не реагиравме на најдобар начин. Но, исто така, морам да кажам дека имаше и други моменти кои оставија многу прашања. Една од тие е техничката грешка што ми беше досудена. Интересно е тоа што зборував на англиски, бидејќи тоа ми е навика,“ истакна Обрадовиќ.  

Додека ја објаснуваше ситуацијата, во еден момент несвесно покажа среден прст, што веднаш беше забележано од страна на навивачите. Овој гест, кој брзо стана вирален на социјалните мрежи, предизвика бурни реакции, додавајќи дополнителна драма на веќе наелектризираната атмосфера околу дербито.