Обрадовиќ ги загуби нервите: Е*ете се сите, е*и се Датоме! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Гигантот од Истанбул, Фенербахче повторно доживеа пораз, откако беше немоќен против ЦСКА во Москва (70-88), а тренерот Жељко Обрадовиќ во текот на еден тајм-аут почна да вика на своите играчи.

Иако е познат како темпераментен тренер, вакво нешто досега не е забележано од него. На крајот на своите кошаркари им порача да се е*ат.

„Вие сте добри момци. Да, вие сте добри момци. Е*ете се сите. Сакате да ви повторувам милион пати? Е*и се Датоме! Во ред? Засрами се! И ти Махмутоглу“, викаше Обрадовиќ.

Фенербахче е најскапиот тим во Европа, но по осум одиграни кола е далеку од врвот, односно во моментов се на 15. место со две победи и шест порази.