Обрадовиќ: Не можам да ангажира дванаесет Џордани во Партизан!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Партизан славеше против Панатинаикос со 92-87, а по натпреварот тренерот Жељко Обрадовиќ зборуваше за големиот триумф.

Обрадовиќ кажа дека е задоволен од победата, но зборуваше и за можните засилувања во иднина.

„Дали Понитка и Камински се кошаркари за Партизан? Секако дека да. Не можеме да донесеме дванаесет Џордани во Партизан. Очекувате сите да блескаат? Тоа е невозможно. Дали ќе имаме нови засилувања? Можам да замислам какви шпекулации ќе има до крајот на сезоната. Немам време да се занимавам со порталите и шпекулациите кои се појавуваат“, кажа Обрадовиќ.