Очај на „Олд Трафорд“: Роналдо го измамил Тен Хаг!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо од понеделникот требаше да се приклучи на тренинзите на Манчестер јунајтед, меѓутоа не се случи тоа и Португалецот ќе ја пропушти турнејата.

Иако почетокот на сезоната е блиску, сепак Роналдо сака да си замине од тимот поради што раководството не ангажирало врвни засилувања.

Англиските медиуми пишуваат дека Роналдо не е среќен што клубот нема да игра во Лигата на шампиони (ЛШ), па допрва следи сапуница за неговата иднина.

Екипата наводно му даде дополнителен одмор, но тоа предизвика сомнеж бидејќи во медиумите постојано има приказни за идниот тим на Роналдо.

„Атлетик“ објави дека тренерот Ерик Тен Хаг разговарал со Роналдо, кој го убедил стратегот дека не треба да се грижи бидејќи ќе остане на „Олд Трафорд“, меѓутоа очигледно нешто се промени во меѓувреме.