Очајни обиди да се дискредитира Ѓоковиќ: Ноле нешто крие во шишето! (Видео)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфинале на Вимблдон на спектакуларен начин со голем пресврт против Јаник Синер, а некои веднаш смислуваат теории на заговор дека Србинот користел нешто во текот на мечот.

Тенисерите на турнирите постојано се следат со камери, а поради една реакција кај Ѓоковиќ се појави сомнеж кај дел од навивачите.

Еден корисник на Твитер објави снимка од Ѓоковиќ на мечот против Ван Рајтховен во четвртото коло од Вимблдон.

Ѓоковиќ држеше шише во раката, па делуваше како да комуницира со некого пред да го користи.

„Би сакал да знам што има во шишето. Сигурно не беше течност и му гестикулираше на тренерот пред да го искористи. Многу чудно“, напиша еден корисник на Твитер.