Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа му остана единствено, Милан од денес во казнен карантин…
Џенаро Гатузо денес ги води играчите на Милан во казнен карантин до понеделник и мечот со Болоња.
Ситуацијата е лоша, Гатузо ги брои последните денови на клупата, и речиси е сигурно дека ќе го напушти Милан.
Што може да спаси?
Четвртото место му бега, којзнае можеби ќе остане и надвор од ЛЕ, а најде интерес начин да ја мотивира екипата пред дуелот со препородената Болоња.
Тој имено, ги пушта изјавите на Михајловиќ на своите играчи.
„Ако биде како што предвидувам, во понедленик и математички ќе обезбедиме опстанок“, истакна српскиот стратег по победата над Емполич.
Со новиот триумф на „Сан Сиро“ Болоња и дефинитивно ќе биде спасена, три кола пред крајот, што ниту најголемите оптимисти не го очекуваа.
Но, Михајловиќ направи голема работа, од неговото пристигнување, Фелсинеи се во ритам за ЛШ, 19 бодови, подобри се единствено Јувентус, Аталанта и Торино.
Михајловиќ нема некое мислење за тимот на Милан, иако на своето деби на клупата на Болоња славеше против Интер на истиот стадион, нема причина да не верува дека може повторно да го направи истото.
И натаму се вртат шпекулациите за неговата судбина. Болоња би сакала да го задржи, но тој бара гаранција кога се во прашање новите играчи и големите амбиции на клубот. Дали сопственикот на Сапуто ќе вложи поголема сума на пари, останува да видиме, а она што Михајловиќ го чека е Лацио, во случај да замине Симеоне Инзаги.