Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона ремизираа синоќа на домашен терен против Гранада (1-1) во мечот од петтото коло во шпанска Ла Лига.
Каталонскиот гигант уште еднаш ги разочара своите навивачи затоа што одигра многу лош натпревар и во самиот финиш успеа да дојде до еден бод.
Гранада одлично го почна натпреварот и поведе во втората минута кога Дуарте го совлада Тер Штеген за 1-0.
Гостите ја чуваа предноста до завршницата, а Барселона до израмнување стигна во 90. минута кога гол за победа постигна Араухо.
По натпреварот повторно критики доби Роналд Куман, а шпанските медиуми пишуваат дека Холанѓанецот ќе добие отказ во следните денови.
Ситуација од 75. минута покажува колку беше очаен Куман и Барселона, зашто тогаш на теренот влезе Жерар Пике, кој заигра буквално како напаѓач.