Од херој до предавник: Навивачите на Милан брутално го навредија Донарума! 📸


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума реши ова лето да го промени клубот, откако претходно одби да потпише нов договор со Милан, а „росонерите“ нема никогаш да му го заборават тоа.

Голманот кој ја почна кариерата во Милан и дебитираше кај Синиша Михајловиќ уште како тинејџер, не се однесуваше џентлментски кон клубот и поради тоа веќе беше навредуван од навивачите.

Додека европскиот шампион се подготвува за мечот против Шпанија во полуфиналето на Лигата на нации во Милано, на еден мост во градот се појави транспарент.

„Донарума, го*но. Никогаш повеќе нема да бидеш добредојден во Милано“, напишаа ултрасите на Милан.