Од Манчестер во Лондон: Арсенал го купи Зинченко за 35 милиони евра (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Украинскиот репрезентативец Александар Зинченко го напушта Манчестер сити и се сели во Арсенал во трансфер вреден 35 милиони евра.

Спортскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Зинченко сакал да соработува со Микел Артета, па сега му се остварила желбата и така Украинецот ќе потпише договор со Арсенал до 2026 година.

Зинченко го носеше дресот на „граѓаните“ од 2016 година, а играше и на позајмица во ПСВ, па без сомнеж ќе биде големо засилување за „топчиите“.

Арсенал летово се засили со Мет Тарнер, Маркињос, Фабио Виеира и Габриел Жесус.