Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Конор Трејси, голман на новозеландскиот клуб Окленд Сити, ја живее својата фудбалска бајка. Од секојдневна работа во магацин на фармацевтска компанија, тој стигна до учество на Клупското светско првенство.
Иако преку ден е опкружен со палети и пакети, далеку од фудбалските светла, талентот и посветеноста му овозможија да се искачи на врвната фудбалска сцена. Во Катар, со Окленд Сити, учествува на Клупското СП.
Трејси беше особено емотивен не само поради натпреварот, туку и поради средбата со неговиот идол во фудбалот – германскиот голман Мануел Нојер. За Конор, овој момент претставуваше исполнет сон. Разменија неколку зборови и дресови – гест кој за Трејси има поголема вредност од кој било трофеј.
Фото: Facebook/FabrizioRomano