Од раководството на Челси со јасен став околу иднината на Сари


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Еден од најеминентните англиски медиуми, „Скај Спортс“ пренесува дека Челси нема намера да му врачи отказ на Маурисио Сари.

Италијанскиот стратег се поврзува со преземање на клупата на Јувентус, но од Челси се надеваат дека тренерот ќе се појави на претсезонските подготовки на кои треба да го води клубот во пресретна новата сезона.

Од Челси дефинитивно нема да му врачат отказ на Сари, но постои можност самиот стратег да побара да си замине од клубот во кој имаше турбулентна сезона, но извади солиден пласман во Премиер лигата и се наоѓа на чекор до освојување на Лигата на Европа.