Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Како што пишува „Л’Екип“ од таборот на Реал Мадрид биле свесни дека нема да биде возможно да го донесат Килијан Мбапе ова лето.
Мбапе кој има договор со парижаните до 2022 година беше поврзуван со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, но до него веројатно нема да дојде.
Од ПСЖ не се подготвени да го продадат Килијан Мбапе, посебно не сега кога веројатно ќе останат и без Нејмар кој би требало да се врати во Барселона. Медиумите во Франција пренесуваат дека клубот од Париз е подготвен да ризикува и да го загуби Мбапе без обесштетување отколку да го пушти да оди во Реал оваа или другата година.