Од Севиља се бунат на судењето за – црвен картон, пенал… 📸


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Севиља загуби на „Камп ноу“ со 0-3 и така не успеа да ја зачува предноста од 2-0 во првиот меч, па мораше да се збогува од шпанскиот Куп.

Каталонците се пласираа во финалето на Купот, а по натпреварот гостите од Андалузија се пожалија на судењето од страна на главниот судија.

Тренерот на екипата, Хулен Лопетеги кажа во кои ситуации биле оштетени и токму поради нив го загубиле натпреварот.

„Кога тренерот јавно зборува за судењето може да биде жестоко казнет, но…Вториот жолт картон на Мингуезе изгледа како чист, пенал од Ленгле… Ова денес сепак мора да го проголтаме“, кажа Лопетеги.