Од Славен Белупо објавија фотографии од претепаниот македонски интернационалец Ејупи (Фото)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Јавноста во Хрватска на големо зборува за инцидентот во кој беше инволивран нашиот интернационалец, Музафер Ејупи.

Ејупи заедно со негов пријател биле нападнати поради инцидент со некој жител на Копривница. Во јавноста излегоа информации дека Ејупи и неговиот пријател биле приведени затоа што нападнале човек од Копривница.

Сепак сосема друго се случувало во Копривница. Ејупи бил нападнат со метална шипка и има видни последици и тешки повреди на главата. Од Славен Белупо објавија фотографии од претепаниот Музафер Ејупи.