Од Вардар го објавија комплетниот тим со кој ќе располага Алушовски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот и европски првак Вардар оваа сезона ќе има доста изменет состав во однос на минатата година.

„Црвено црните“ склопија респектабилен состав на кој тренерот Стевче Алушовски ќе се потпре во настапите во Лигата на шампионите и СЕХА Лигата.

Во Скопје пристигнаа многу нови имиња од кои некои се и ѕвезди на светскиот ракомет како Марко Вујин.

Во таборот на Вардар има и голем дел од репрезентативците на Македонија како Филип Талевски, Гоце Георгиевски и Томислав Јагуриновски.

За прв пат овој состав  на Вардар ќе го видиме на струшкиот турнир кој започнува утре и ќе трае во следните неколку денови.