Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Животот на Едер Милитао се промени многу во последните месеци и тој стана еден од лидерите на Реал Мадрид во одбраната.
Откако се врати по повредата, Милитао од 3 април до денес одигра 19 натпревари за „кралевите“ во Ла Лига и Лигата на шампиони.
Ниту еден друг фудбалер нема повеќе минутажа од Бразилецот, кој има 1.710 минути од мечот против Хуеска.
Во овие 19 натпревари, Реал запиша 12 победи, шест ремија и еден пораз, а притоа прими 16 голови.
Милитао е единствен дефанзивец кој ги одигра сите пет меча сезонава, па на теренот помина 450 минути.
Бразилецот одигра 28 од 30 меча со Реал Мадрид и неговиот национален тим, а притоа неговите екипи триумфираа на 20 дуели, има седум ремија и еден пораз.
Заминувањето на Серхио Рамос и Рафаел Варан го оставија Милитао прв избор на централната дефанзивна позиција кај Карло Анчелоти.