Од врв до дно: Заработуваше милиони, а сега го тужат зашто должи 400 евра за струја!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот руски фудбалер Роман Павличенко доби тужба затоа што не платил сметка за струја и за вода во износ од 400 евра, што ја изненади руската јавност која не очекуваше фудбалерот да падне на дното.

Павличенко во кариерата нстапуваше и во Тотенхем и притоа заработи милиони евра, па затоа чуди фактот што нема 400 евра да си плати сметки за струја и вода.

Фирмите кои го снабдуваат со вода и стрја му поднеле тужба барајќи си ги нивните 400 евра и немаат намера да попуштат, а останува да видиме што ќе направи Русинот.

Во кариерата Павличенко играше и за репрезентацијата на Русија за која постигна 21 гол на 51 натпревар. Инаку, тој се уште игра фудбал, но е далеку од најдобрите денови и настпаува во рускиот третолигаш Знамја од Ногинск.