Од ѕвезда која вреди 100 милиони евра до преселба во – Турција!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот англиски репрезентативец Деле Али беше еден од најголемите таленти во Премиерлигата и Тотенхем за неговите услуги бараше 100 милиони евра, но сепак многу работи се променија и следеше пад во кариерата на фудбалерот.

Фудбалерот за врска минатата сезона замина во Евертон, каде што не се покажа како големо засилување, а сега следи уште поголем удар за него затоа што би можел да се пресели во Бешикташ.

Евертон бара начин како да се ослободи од Деле Али на кого не планира да смета тренерот Франк Лампард, па токму позајмицата во Бешикташ делува како идеално решение за лондонскиот тим.