Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус пред неколку дена доживеа дебакл на домашен терен против Милан со 0-3 во мечот од 35. коло во Серија А.
„Старата дама“ по девет години доминација остана без Скудетото кое оваа сезона го осови Интер, но за да бидат работите уште полоши за Јувентус, им „виси“ и пласман и во Лига на шампиони (ЛШ).
Навивачите на Јувентус, но и италијанските медиуми најмногу го критикуваа Кристијано Роналдо, кој против Милан беше речиси невидлив. Португалецот одамна не одиграл толку лош натпревар.
Постојат шпекулации дека Роналдо ќе си замине од Јувентус ако тимот не избори пласман во ЛШ затоа што ќе нема пари да му ја исплаќа платата, а веќе се споменуваат и потенцијални дестинации за неговата иднина.
Роналдо во дуелот против Милан немаше ниту еден удар во рамките на голот, иако имаше само два шута.