Одби да игра зашто сака да потпише за Челси, па на срамен начин го прослави голот на својот тим (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лестер сити вчера загуби на домашен терен од Саутемптон со 1-2 во третото коло од англиската Премиерлига, иако имаше водство од 1-0 од 54. минута.

Тренерот Брендан Роџерс вчера не можеше да смета на услугите на Весли Фофана, кој одбил да игра за Лестер зашто сака да се пресели во Челси.

Дефанзивецот се најде на трибините, каде што го следеше неговиот тим, но не се израдува премногу на голот кој го постигна Лестер во 54. минута од натпреварот.

Фофана се обидува да направи трансфер во Челси, а веќе ги договорил и личните услови со гигантот од Лондон, додека тимот на Томас Тухел му нуди 90 милиони евра на Лестер за трансфер.