Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во време кога се нудат огромни договори со астрономски плати, љубовта кон фудбалот речиси и да не постои кај дел од фудбалерите, но Јаго Аспас е еден од посебните примери дека љубовта, сепак, постои.
Фантастичниот напаѓач на Селта не играше три месеци поради повреда, а без него Селта доби само еден од 11 натпревари и падна во зоната за испаѓање. Но, откако се врати Аспас, Селта освои седум бода во три натпревари.
Аспас постигна два гола против Виљареал во големиот пресврт и победата од 3-2, а во минатиот дуел имаше две асистенции и гол во ремито со Уеска (3-3).
Аспас е дете на Селта, а покажа дека клубот му значи минатата зима. Фудбалерот добил понуда од седум милиони евра годишно, но ја одбил за да остане во Селта, со која го продолжи договорот до 2022 година, според кој заработува 1,8 милиони евра по сезона.
Aspas had an offer from China in January. He could have gone and earned SEVEN MILLION EUROS a year. He didn’t. He stayed. To save his club. And at the moment he is currently (almost) single-handedly keeping Celta Vigo up.
— The Spanish Football Podcast (@tsf_podcast) April 7, 2019