Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот фудбалер кој е на позајмица од Реал во Витесе ја освои наградата за играч на годината.
Мартин Одегард има зад себе фантастична сезона.
Младиот норвешки фудбалер оваа сезона ја одработи во Витесе каде напредуваше како фудбалер,к ги натера челниците на Реал да размислат што ќе направат со него следната сезона и она што најмногу се зборува, барем засега е дека ќе замине во Ајакс.
Оваа сезона во Витесе, Одегард постигна 7 погодоци, додаде и 10 асистенции, а вкупно во сезоната постигна 9 погодоци ако ги додадеме и двата од Купот на Холандија.
Во последниот меч против Де Графшап беше импресивен, имаше асистенција и постигна погодок во победата од 6:1, а по тој меч му е врачена наградата за најдобар играч на клубот во оваа сезона.
Дали во Мадрид дополнително ќе размислат за неговата продажба по ова признание?