Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Капитенот на Арсенал, Мартин Odegard, ќе мора да направи подолга пауза.
Норвежанецот беше заменет три пати по ред на натпреварите во Премиер лигата, станува збор за потешка повреда, отколку што првично се веруваше и наводно ќе паузира минимум еден месец, а можеби дури и осум недели.
Odegard ќе пропушти значителен број натпревари во следниот период. Се шпекулира дека ќе биде подготвен дури по ноемвриската репрезентативна пауза, која започнува на 8 ноември. До тогаш нема да игра против Фулам, Атлетико Мадрид, Кристал Палас, Брајтон во Лига купот, Барнли и Славија од Прага, како и на гостувањето кај Сандерланд.
Се очекува Еберечи Езе сега да добие значајно повеќе минути и да го замени Норвежанецот на позицијата “десетка”, иако не треба да се заборави ниту на Микел Мерино.