Одличен гест на Цеск Фабрегас, се откажа од палтата во следните четири месеци и парите ги намени за..


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Монако, Цеск Фабрегас со еден навистина хуманитарен потег ги привлече симпатиите на јавноста во Франција.

Имено, Фабрегас се понудил да не му се исплаќа платата во следните четири месеци, а со тие пари да се покријат платите на вработените во Монако на кои им беше намалена платата на 30% поради коронавирусот и економската криза.

Многу од неговите колеги од другите клубови се противат на кратењето на нивните плати, а Фабрегас сега се откажа од четиримесечна плата за да помогне на оние кои најмалку заслужиле да добијат кратење на платите.