Одличен тренер пристигнува во Арсенал, фановите презадоволни


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал утрово му врачи отказ на Унаи Емери, а клубот во следниот период ќе го води Фреди Љунберг.

Сепак, не се очекува шведскиот поранешен фудбалер на Арсенал да остане перманентно на клупата на „топчиите“ затоа што на „Емирати“ ќе пристигне едно многу познато име.

Имено, како што пренесува „Скај Спортс“ од раководството на Арсенал започнале преговори со Макс Алегри кој наводно изразил подготвеност да го води клубот.

Доколку ова се реализира, Арсенал дефинитивно ќе го добие еден од најдобрите тренери во светот. Алегри е познат како стратегот кој како никој друг знае тактички да подготви еден тим, па ќе биде интересно да се види на клупата на Арсенал.