Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според германските медиуми, челниците на Баерн се согласиле да ја продолжат соработката со друг важен играч.
На неколку важни играчи им истакнуваат договорите за летото 2021. година, што значи дека доколку не им ги продолжат, раководството на Баерн ќе се обиде да ги продаде за да заработи нешто однив, пред да го крене сидрото.
Досега Баварците успеаја да го убедат Томас Милер да го продолжи договорот, а германските медиуми објавија дека Тијаго Алкантара ќе потпише нов договор во наредните денови.
Кикер наведува дека останува да се утврдат неколку детали во договорот.
„Тијаго ќе потпише договор со Баерн до 2023. година“, пишува овој весник.
Шпанецот дојде во Баерн во 2013. година од Барселона и досега има одиграно 227 натпревари со 31 погодок и 37 асистенции.