До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ливерпул објави дека Мохамед Салах од следната сезона нема да биде член на „Црвените”, но ќе има засилување од следната недела во вид на Александер Исак.
Шведскиот напаѓач имаше тешка повреда и скршеница на ногата против Тотенхем во декември минатата година по постигнатиот гол. Токму таа повреда го оддели најскапото засилување на Ливерпул во историјата цели четири месеци, но неговото враќање е блиску.
Тоа го потврди и Арне Слот, тренерот на Ливерпул, на прес-конференцијата:
– Мислам дека Алекс е во многу добра позиција бидејќи Шведска се квалификуваше за Светското првенство и, покрај тоа, утре за првпат повторно ќе тренира со екипата – рече Слот.
Исак е рекорден трансфер на Ливерпул во историјата. Беше платен на Њукасл 145.000.000 евра, но од доаѓањето не можеше да фати вистински ритам. Постигна само два гола на десет натпревари во Премиер лигата.
















