Одлични вести за Обамејанг, го посакува тимот за кој тој сонувал да игра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Франција пристигнуваат вести кои фудбалерот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг ги очекуваше целата своја кариера.

Имено, угледниот „Франс Фудбал“ пренесува дека за фудбалерот се интересира тимот на Реал Мадрид, клуб кој е омилен на Габонецот.

Обамејанг ќе има уште една сезона од договорот со Арсенал ова лето и ќе може да го напушти клубот за сума од околу 50 милиони евра, која нема да е проблем за гигант како Реал Мадрид.