Одлични вести за Шкендија: Лудогорец ослабен пред дуелот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


На реваншот од плејофот во Лига Европа помеѓу Лудогорец и тетовска Шкендија, кој ќе се одржи в четврток во Разград, бугарскиот шампион ќе влезе со ослабена екипа.

Бугарските медиуми информираат дека Мунир Шујар, француски интернационалец кој беше дел од почетниот состав на првиот натпревар во Скопје, веќе се договорил за трансфер во мароканскиот клуб Беркан. Официјалното претставување таму ќе следува во наредните денови. Поради тоа, не ќе биде на располагање на тренерот на Лудогорец за важниот меч со Шкендија.

Шујар е дел од Лудогорец последниве две години, но не успеа да остави значителен впечаток.

Фото: KF Shkëndija